Sibel Uğurlu
07 Март 2019•Ажурирај: 08 Март 2019
РАМАЛА (АА) - Израелските безбедносни сили утринава ја срушија куќата на палестинскиот активист Асем Баргути, кој се товари за убиство на двајца израелски војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелската војска рано утринава изврши претрес на неговата куќа во градот Кобар, а потоа со булдожери во потполност го уништи тој објект.
Група палестински граѓани се обидоа да го спречат рушењето на семејната куќа, а израелските сили одговорија со интервенција во која користеа и огнено оружје.
Израелските власти го товарат Баргути дека минатата година учествувал во два вооружени напади во кои се убиени двајца војници и ранети се осуммина еврејски доселеници.
Баргути беше уапсен на почетокот на оваа година, а неговиот брат во декември го уби израелската полиција. Нивната мајка, Сухеир Баргути, е исто така притворена.
Според примерот од праксата на британскиот мандат, израелските власти го рушат приватниот имот на Палестинците кои се сомничат за учество во инциденти.