Umar Farooq
07 Март 2019•Ажурирај: 09 Март 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот сенатор Марко Рубио истакна дека саудискиот престолонаследник Мухамед бин Селман станал вистински гангстер и дека американско-саудиските односи ги прави сѐ повеќе неодржливи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тој има искуство во предизвикување ескалации, посегнува по големи ризици и конфронтации во надворешнополитичкиот пристап. Мислам дека е сѐ поспремен да ги тестира границите на она што може да го извлече“, рече Рубио за време на седницата на која Сенатот го одобруваше именувањето на американскиот амбасадор во Саудиска Арабија.
Американскиот претседател Доналд Трамп за амбасадор во Ријад го предложи генералот во пензија, Џон Абизаид.
Сенаторот Рубио го нарече саудискиот принц Бин Селман немилосрден и непромислен, и додаде дека однесувањето на принцот во изминатиот период го потсетува на сцените од филмовите за агентот Џејмс Бонд.
„Саудиска Арабија моментално е наш најтежок партнер, бидејќи од нас бара да се согласуваме и да молчиме на гротескните кршења на човековите права. Нејзиниот принц воопшто не ја олеснува ситуацијата, туку билатералните односи ги прави сѐ понеодржливи“, рече Рубио.