свет

САД со сигнал за прикривање на убиството на Кашоги

Болтон, во изјава за медиумите во рамки на 33. Самит на Асоцијацијата на држави на Југоисточна Азија (АСЕАН) во Сингапур, тврди дека оние што ги слушале снимките не заклучиле дека принцот Бин Селман е вклучен во случајот.

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 14.11.2018 - Обновена : 14.11.2018
САД со сигнал за прикривање на убиството на Кашоги

Ankara

ВАШИНГТОН (АА) - Советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џин Болтон, тврди дека снимките во врска со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги не ја покажуваат вклученоста на саудискиот престолонаследник, принцот Мухамед бин Селман, јавува Anadolu Agency (AA).

Болтон, во изјава за медиумите во рамки на 33. Самит на Асоцијацијата на држави на Југоисточна Азија (АСЕАН) во Сингапур, тврди дека оние што ги слушале снимките не заклучиле дека принцот Бин Селман е вклучен во случајот.

Болтон нагласи дека претседателот на САД, Доналд Трамп, сака да ја дознае вистината во врска со тоа што се случило на 2 октомври во саудискиот Конзулат во Истанбул, каде што беше убиен Кашоги.

„Јас лично не ја слушнав снимката, но според проценката на оние кои ја слушнале, во ниту еден случај не го поврзуваат принцот со убиството“, додаде тој.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на 10 ноември во врска со убиството на Кашоги изјави дека снимките и разговорите ги споделиле со Саудиска Арабија, САД, Германија, Франција и Британија.

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ („The New York Times“) тврди дека еден од 15-те лица кои дошле во Турција за атентатот на Кашоги, извесно време по убиството реализирал телефонски разговор, во кој алудирајќи на принцот Бин Селман рекол: „Кажете му на вашиот газда дека тие ја извршија работата“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın