Gamze Türkoğlu Oğuz
14 Ноември 2018•Ажурирај: 15 Ноември 2018
ЊУЈОРК (АА) - Во пожарот кој сѐ уште трае во американската сојузна држава Калифорнија, досега животот го загубија 50 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалните претставници соопштија дека станува збор за најсмртоносниот пожар во историјата на државата, во кој загинаа 50 лица, а 9.200 објекти се неупотребливи.
Во гаснењето на пожарот учествуваат 5.600 пожарникари.
Меѓу објектите коишто повеќе не можат да се користат се и домовите на шкотскиот актер Џерард Батлер пејачката Мајли Сајрус, актерот Скот Баио, режисерот Гиљермо дел Торо, старлетата Ким Кардашијан, актерката Алиса Милано и актерот Рејн Вилсон.