Tayfun Coşkun
05 Декември 2016•Ажурирај: 05 Декември 2016
КАЛИФОРНИЈА (АА) - Во градот Оукленд, во сојузната американска држава Калифорнија се случи пожар во кој животот го загубија 33 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Пожарот избувнал во магацин во кој се одржувала техно забава. Градоначалникот на Оукленд, Либи Шаф изјави дека чувствува голема тага поради трагичниот настан.
Градоначалникот Шаф информираше дека бројката на загинатите во пожарот изнесува 33 лица, и истакна дека истражните екипи и детективите се наоѓаат на местото на настанот за да ги откријат причините за несреќата.
Одговорните изјавија дека меѓу загинатите има и државјани на Европа и Азија. Покрај тоа, на забавата имало и малолетни лица.
Медиумите дополнитело ќе бидат информирани за идентитетот на загинатите лица. За оние на кои не ќе може да им се утврди идентитетот, ќе биде направен ДНК-тест од коскените остатоци.
Продолжува истрагата на спасувачките и противпожарните екипи на местото на несреќата.
Сѐ уште нема никакви подетални информации за пожарот што се случи во магацинот познат под името „Брод на духови“ (Ghost Ship), во кој се организираат забави со електронска музика.