Dildar Baykan
22 Април 2017•Ажурирај: 23 Април 2017
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во пожарот што избувна во една продавница, која е специјализирана за продажба на керозин во државата Мадја Прадеш во централниот дел на Индија, загинаа 14 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот на Мадја Прадеш, Шиврај Синг Чоуан потврди дека во пожарот што се случи во градот Чиндавара загинаа 14 лица.
За време на пожарот во објектот се наоѓаа вкупно 25 лица.
Тимовите на противпожарната служба успеа да го стават под контрола огнот и на околните објекти.
Локалните власти велат дека започнале истрага со цел да се утврди причината за пожарот.
Инаку, во Индија, керозинот често се користи во домаќинствата.