Amina Zorniç
12 Јануари 2017•Ажурирај: 13 Јануари 2017
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Спасувачките екипи со камиони и бродови помагаат при евакуацијата на жителите во Калифорнија, на западната страна на САД, која беше погодена од поплавите поради обилниоте врнежи од дожд и снег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Поради излевањето на реките од речните корита е откажана училишната настава, многу патишта низ цела Калифорнија се затворени, како и во соседните сојузни американски држави Невада, Орегон и Портланд.
Поради уривањето на дрвја, многу далеководи се оштетени, што предизвика прекин во напојувањето со електрична енергија.
Спасувачките екипи деноноќно се на терен, а приоритетно се евакуираат жителите чии домови се поплавени.
Врнежите од дожд и снег во западниот дел на САД почнаа пред една недела, а метеоролозите не се оптимисти дека времето ќе се подобри.
Националната метеоролошка служба (NWS) издаде црвено предупредување поради поплавите за Калифорнија.
„Поројните врнежи од дожд и снег ќе продолжат интензивно во западниот дел на Соединетите Американски Држави и во наредните денови“, изјави метеорологот Хејли Бринк.
Тамошните власти велат дека тоа се најголемите поплави во Калифорнија во изминатите десет години.