Yusuf Hatip
05 Декември 2016•Ажурирај: 05 Декември 2016
КАРАЧИ (АА) - Во голем пожар што утринава зафати луксузен хотел во најголемиот пакистански град Карачи загинаа 11 лица, а 70 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот службеник Тукир Наим изјави дека пожарот избил во хотелската кујна, на приземјето од хотелот „Регент плаза“, иако сè уште не е позната точната причина.
Огнената стихија се прошири на шест ката, поради што во хотелот со четири ѕвездички останаа заробени околу 100 луѓе.
Противпожарните екипи повеќе од три часа помагаа во евакуацијата и гаснењето на пожарот.
Од 11 смртно настрадани кои починале од задушување и изгореници, четири се жени.
Лекарот Сими Џамали Џина од болницата во Карачи изјави дека меѓу повредените најголем број се странци.
Вакви трагични настани не се невообичаени во Пакистан, каде што голем број станбени и деловни објекти не ги исполнуваат стандардите за безбедност.