Tevfik Durul
22 Февруари 2018•Ажурирај: 22 Февруари 2018
ПЕКИНГ(AA) - Педесет и едно лице загина во пожарите во Кина до кои дојде поради огнометите за прослава на Пролетниот фестивал односно Кинеската Нова година, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за јавна безбедност изјави дека 51 лице загина, а 9 се повредени во пожарот предизвикан од огномети и петарди за време на прославата на Пролетениот фестивал, познат и како Кинеска Нова година.
Во периодот од 15 до 21 февруари во земјата беше прогласен одмор, а за време на прослата, од огномет и петарди предизвикани се пожари во 12.000 места. Вкупната финансиска штета изнесува 57 милиони јуани (околу 9 милиони долари).
На 16 февруари во Кина, според нивниот календар се славеше доаѓањето на годината на кучето. За време на новогодишните празници, Кинезите ги протераа „лошите духови“ со огномети и петарди.
Поради загадувањето на воздухот, пожар и од безбедносни причини, славењето на фестивалот беше забрането во повеќе од 400 градови. Но, во руралните средини, оваа традиција е сè уште широко распространета.
.