свет

Во поплавите што ја зафатија Саудиска Арабија загинаа 30 лица

Саудиската Управа за цивилна заштита соопшти дека смртните случаи поврзани со поплавите се случиле во 13 региони низ целото кралство

Ali H. M.Abo Rezeg  | 13.11.2018 - Обновена : 14.11.2018
Во поплавите што ја зафатија Саудиска Арабија загинаа 30 лица АА/Архива

Riyad

РИЈАД (АА) - Најмалку 30 лица ги загубија животите во поплавите кои ја зафатија Саудиска Арабија во последниов месец, јавува Anadolu Agency (AA).

Во денешното соопштение, саудиската Управа за цивилна заштита соопшти дека смртните случаи поврзани со поплавите се случиле во 13 региони низ целото кралство.

„Во моментот, бројот на жртви од поплавите и поврзаните електрични шокови (во последните 30 дена), е искачи на 30“, се вели во соопштението.

Според истото соопштение, вкупно 3.865 луѓе биле евакуирани од подрачјата предиспонирани на поплави низ целата земја во текот на истиот период.

Од Цивилната заштита апелираат за внимание и за избегнување на оддалечените региони кои може да бидат зафатени од поплави.

Во последните недели неколку арапски држави се борат со лошите временски услови.

Минатата недела, седум лица ги загубија животите во поплавите во различни делови на Јордан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın