İhvan Radoykov
13 Ноември 2018•Ажурирај: 14 Ноември 2018
СОФИЈА (АА) - Бугарската Влада донесе одлука да се повлече од процесот на Обединетите нации (ОН), кој има за цел регулирање на миграцијата во глобални рамки, јавува Anadolu Agency (AA).
Цветан Цветанов, претседател на парламентарната група, партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), големиот владин коалициски партнер, изјави дека оваа тема е разгледана на владината седница, и соопшти дека нема да се потпише Договорот за миграција на ОН.
„Одлуката околу овој документ, кој директно претставува закана за нашата национална безбедност, сигурно е во корист на државата“, истакна европратеникот Ангел Чамбаски, кој на владината седница на која беше донесена одлуката, учествуваше во име на владиниот коалициски партнер, коалицијата Обединети патриоти.
Одлуката ќе биде поднесена до Парламентот за гласање.
Главната опозициска партија, Социјалистичката партија на Бугарија, претходно истакна дека овој Договор за глобална миграција е против интересите на земјата, и дека го поттикнува нерегуларниот миграциски тек.
По очекуваната одлука во Парламентот, Бугарија ќе биде во редовите на земјите кои се против Договорот за миграција на ОН: САД, Полска, Унгарија, Австрија, Словенија и Хрватска.
Овој документ, кој има за цел регулирање на миграцијата во глобални рамки, се очекува да се потпише во декември во Мароко.