свет

ОИС повика на итно завршување на израелските напади врз Газа

„Организацијата за исламска соработка најостро ја осудува агресијата на израелските окупаторски сили во Газа и нивните напади на цивилите и станбените објекти“, се наведува во соопштението на раководството на Организацијата

Ali H. M.Abo Rezeg  | 13.11.2018 - Обновена : 13.11.2018
ОИС повика на итно завршување на израелските напади врз Газа

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Организацијата за исламска соработка (ОИС) повика на итен прекин на израелските напади врз блокираната палестинска енклава Газа, јавува Anadolu Agency (AA).

„Организацијата за исламска соработка најостро ја осудува агресијата на израелските окупаторски сили во Газа и нивните напади на цивилите и станбените објекти“, се наведува во соопштението на раководството на Организацијата.

Од Организацијата за исламска соработка, исто така повикаа на ставање крај на „бруталната агресија“, која Израел ја спроведува на палестинската територија.

Во соопштението, кое го потпиша генералниот секретар на Органзацијата, Јусеф бин Ахмад ал Отаимен, се наведува дека Израел ќе биде одговорен за сите последици на актуелната ескалација на насилството во Газа.

Ал Отаимен ја повика меѓународната заедница итно да интервенира за да го натера Израел да ја запре неправедната агресија, како и на почитувањето на меѓународните правни норми.

Најмалку седум Палестинци се убиени во тајната операција која израелската Војска ја изврши во Газа, а уште најмалку шест Палестинци се убиени во синоќешните воздушни напади во овој палестински регион.

Од март израелските сили убија повеќе од 200, а ранија неколку илјади Палестинци кои протестираат во пограничниот Појас Газа и бараат ставање крај на израелската блокада и окупација на палестинската територија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın