Ekipa
23 Октомври 2016•Ажурирај: 24 Октомври 2016
ЊУЈОРК (АА) - Маж од градот Фресно во Калифорнија беше осуден на 1.503 години затвор за силување на ќерката тинејџерка во период од четири години, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми објавија дека казната од 1.503 години изречена на Рене Лопез (41) е најдолгата позната казна во Врховниот суд во Њујорк.
Поротата во септември го прогласи таткото за виновен по 186 точки од обвинението за сексуална злоупотреба, вклучувајќи и десетина точки кои се однесуваат на силување на малолетничка.
Обвинителите истакнаа дека жртвата била силувана два до три пати неделно од мај 2009 до мај 2013 година, кога девојката собрала храброст да избега.
Судијата Едвард Саркисјан истакна дека Лопез никогаш не покажал каење, а ќерката ја обвини за неволјата во која се нашол.