Ekipa
27 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Советот за американско - исламски односи (CAIR) повика на подобра полициска заштита на џамиите откако неколку од нив во Калфорнија добија писма во кои се велича новоизбраниот претседател Доналд Трамп, а дека на муслиманите им се заканува геноцид, пренесува Anadolu Agency (AA).
Советот наведува дека писмото, фотокопирано и испишано со ист ракопис, минатата недела било испратено во Исламскиот центар во Лонг Бич во јужна Калифорнија, во Исламскиот центар Клермонт и Исламскиот центар Евергрин во Сан Хозе, пренесува во денешното издание „Лос Анџелес тајмс“.
Писмото било со наслов „Деца на Сатаната”, а како потпис било напишано „Американец за подобар начин”.
„Во градот новиот шеф e претседателoт Доналд Трамп. Тој ќе ја исчисти Америка и ќе ја направи повторно блескава. И тоа ќе почне со вас - муслиманите. Тој ќе ви го направи тоа што Хитлер им го правеше на Евреите”, пишува во писмото.
Извршниот директор на Советот за американско-исламски односи, Хусам Ајлуш, изјави дека одговорните на џамиите на кои им е доставено писмото, се обесхрабрени од изливот на ормаза, изјавија дека неодговорната реторика на Трамп поттикнала вулгарност, омраза и бес меѓу неговите поддржувачи”.
„Не сакам да кажам дека Трамп создал расисти, тој само тоа го нормализираше. Го потсетувам претседателот Трамп дека тој има одговорност да се однесува како претседател на сите Американци” , изјави Ајлуш.
Портпаролот на полицискиот оддел во Сан Хозе, Енрике Гарсија, изјави дека полицијата отворила истрага во врска со писмата и дека случајот се води како инцидент мотивиран од омраза.