Eshat Fırat,Turgut Alp Boyraz
27 Ноември 2016•Ажурирај: 28 Ноември 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Портпаролот на израелската полиција Мики Росенфилд, изјави дека голем дел од пожарите кои го зафатија Израел од вторникот, во голема мера се под контрола, јавува Anadolu Agency (AA).
Според неговите зборови во Израел во моментот нема голем пожар и ситуацијата е под контрола.
Ресенфилд додаде дека припадниците на безбедносните сили соработуваат со противпожарните единици и дека и понатаму ги гаснат помалите пожари на одредени локации.
Во акцијата за гасење на пожарот кој изби во вторникот помогнаа САД, Хрватска, Италија, Турција, Шпанија, Грција, Пачестина, Египет, Јордан и Кипар.
Пожарите започнаа пред неколку дена во Ерусалим, а поради сувото и ветровито време се проширија на 12 други локации. Не е позната причината за пожарот, а одредени израелски медиуми наведуваат дека постои сомнеж дека истите се подметнати.