Mustafa Keleş
27 Ноември 2016•Ажурирај: 28 Ноември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Новозибраниот претседател на САД, Доналд Трамп, починатиот лидер на кубанската револуција Фидел Кастро го нарече „суров диктатор“. Тој ја соопшти надежта за слобода на кубанскиот народ по смртта на Кастро, јавува Anadolu Agency (AA).
По смртта на Кастро во писмената изјава Трамп користи остри зборови за Кастро, лидерот на револуцијата и поранешен претседател на Куба.
Претходно Трамп на социјалната мрежа Твитер напиша „Почина Фидел Кастро“, а 3-4 часа потоа објави соопштение.
Во соопштението Трамп рече: “Светот денеска е сведок на смртта на еден суров диктатор којшто 60 годни вршеше пресија врз својот народ“. Во продолжение тој додаде:
„Наследството на Кастро е игнорирање на основните човекови права, сиромаштијата, неискажливоста, корупцијата. Посакувам да му дојде крајот на тоталитаризмот, којшто сè уште е присутен на Куба, а со тоа прекрасниот кубански народ да биде слободен“.
Истакнувајќи дека со смртта на Кастро нема да се избришат трагедиите доживеани поради него, Трамп рече дека во текот на својот претседателски мандат, ќе вложи напор за кубанскиот народ да стане слободен.
Доналд Трамп во текот на предизборната кампања остро ги критикуваше чекорите на Обама за подобрување на односите со Куба.
И заменик претседателот Мајк Пенс преку социјалните мрежи го оцени Кастро како „тиранин“ и дека по неговата смрт за Кубанците ќе има нова надеж.