?????
01 Февруари 2016•Ажурирај: 02 Февруари 2016
ПАРИЗ (АА) - Кубанскиот претседател Раул Кастро се наоѓа во официјална посета на Франција која претставува прв поход на кубанскиот лидер на една европска земја во изминатите две децении, откако Куба отвори своја економија, јавува Anadolu Agency (АА).
Посетата на Кастро се случи откако во декември, минатата година, во Париз се постигна договор во врска со надворешниот долг на Куба.
Кастро утрово беше свечено пречекан во центарот на Париз, а кубанската делегација во текот на денот ќе има средби со француските бизнисмени и претставници од УНЕСКО.
Кастро на крајот од посетата на Франција ќе вечера со претседателот на државата, Франсоа Оланд.
Оланд е првиот француски претседател кој ја посетил Куба во изминатиот половина век, во мај минатата година.