Ekipa
27 Ноември 2016•Ажурирај: 28 Ноември 2016
БАГДАД (АА) - Еден од лидерите на терористичката организација ДЕАШ е неутрализиран во воздушните напади во јужниот дел на Мосул, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ирачките безбедносни сили соопштија дека во рамките на операцијата за ослободување на Мосул се изведени жестоки воздушни напади врз позициите на терористите на ДЕАШ во јужниот дел на тој северноирачки град.
Во соопштението, кое го пренесува ирачкиот портал "Акбар", се наведува дека во нападите се неутрализирани повеќе терористи, меѓу кои и еден од командантите на ДЕАШ.
Неутрализираниот е идентификуван како Ау Енес Еш-Шишани, а станува збор за терорист со потекло од Чеченија.
Здружените ирачки сили на 18. октомври започнаа операција за ослободување на Мосул од терористите на ДЕАШ, а поддршка им пружаат и воздушните сили на меѓународната коалиција којашто во борбата против ДЕАШ ја предводат САД.
Мосул е вториот најголем град во Ирак, а од летото 2014 година е под контрола на ДЕАШ.