Hajer M'tırı
27 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
ПАРИЗ (АА) - Републиканците, француската политичка партија на десниот центар, денес бираат свој кандидат за претседателските избори 2017 година, а за позицијата на престојните избори ќе се борат двајца поранешни премиери на Франција Франсоа Филон (62) и Ален Жипе (71), пренесува Anadolu Agency (AA).
Филон, кој изјави дека ќе го намали јавниот сектор и ќе ги намали трошоците на Владата, освои 44 отсто од гласовите минатата недела во првиот круг на гласање за номинација на францускиот десен центар и фаворит е на изборите за конзервативен кандидат на престојните претседателски избори.
Жипе, кој се залагаше за францускиот „среќен идентитет”, изјави дека за време на кампањата нема да се обидува да го промени или укине законот за истополови бракови кој го донесе социјалистичката влада, но вети дека ќе го укине плаќањето данок на доход.
Филон, кој ја извршуваше функцијата премиер на Франција во периодот од 2007 до 2012 година, за време на кампањата го претстави најрадикалната деловена програма на реформи, ветувајќи дека ќе намали 500.000 работни места во јавниот сектор во наредните пет години.
Кандидатите за наследник на Франсоа Оланд имаат различни ставови и за прашањето на францускиот идентитет. Филон истакнува дека мигрантите мораат да го почитуваат културното наследство на државата во којашто дошле, а Жипе дека силата на Франција лежи во нејзината разноликост.
За време на двочасовната телевизиска дебата во петокот, Филон изјави дека чувствува дека добил идеолошка битка, инсистирајќи дека Франција никогаш не била подесничарска отколку сега и дека заради тоа неговата кандидатура е „совршен избор”.
Тој го обвини Жипе дека сака премногу промени и дека „останува во рамките на границите на системот” кој, како што рече, сака само да се подобри.
„Мојот проект е порадикален. Франција не е мултикултурална нација. Кога одите во некоја куќа, од куртоазија не ја преземате”, изјави Филон
Кога станува збор за надворешната политика, Филон се залага за поблиски односи со Москва и рускиот претседател Владимир Путин во врска со ситуацијата во Сирија.
Запрашан на почетокот на својата кампања дали Франција ќе соработува со сирискиот претседател Башар ал-Асад во борбата против терористичката организација ДЕАШ, Филон изјави дека Франција треба да се обедини со сите можни сили, „без разлика дали тие се демократски или не”.
Изборот на кандидатите, организиран според американскиот начин, е прв од ваков вид за републиканците. Социјалистите своите внатрепартиски избори за првпат ги одржаа во 2011 година, а во јануари по вторпат ќе го бираат својот кандидат за претседател на државата.
Според анкетите, како кандидат на десницата во вториот круг од претседателските избори следната година ќе се соочи со Марин Ле Пен, лидерот на екстремно-десничарскиот Национален фронт на Франција.
Следните претседателски избори во Франција ќе бидат одржани на 23 април и на 7 мај 2017 година.