Mehmet Nuri Uçar
27 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
АНБАР (АА)- Ирачката војска сопшти дека во рамките на спасувањето на Мосул од терористичката органзација ДЕАШ во Енбар неутрализирала 17 милитанти на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Генерал-мајорот од командата за операции Ел-Џезире Касим ел-Мухамеди, во изјавата за АА рече дека во извршените операции во северниот дел на Анбар, во областа Ел-Медхем со поддршка на авионите на меѓунардоните коалициски сили неутрализирани се 17 милитанти на ДЕАШ.
Мухамеди истакна дека во операцијата успеале да неутрализират 3 воени возила на ДЕАШ.
Операцијата за ослободување на Мосул од терористичката организација ДЕАШ, која започна на 17. октомври, продолжува во различни области. А пак меѓународните коалициски сили предводени од САД ѝ обезбедуваат воздушна поддршка на операцијата.