Ekipa
05 Мај 2016•Ажурирај: 05 Мај 2016
МЕЛБУРН (АА) - Генералштабот на австралиската војска соопшти дека кон крајот на април во воздушните напади на САД во Ирак, убиен е терорист од Мелбурн кој важи за главна личност во регрутирање на борци во Австралија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нели Пракаш е убиен на 29-ти април во Мосул. Тој беше најбаран терорист во Австралија поради водење на регрутација и ангажирање на борци во Австралија за заминување на боишта на Блискиот исток, изјави за 'Sky News' австралискиот генерал, Џорџ Брандиш.
Истакнувајќи дека убиениот Пракаш организирал терористички напади ширум Австралија, генералот Брандиш изјави дека не е погрешно ако Пракаш се третира како најбитен припадник на ДАЕШ во Австралија.
„Моментално во редовите на ДАЕШ има околу 110 Австралијци кои војуваат на Блискиот Исток", изјави Брандиш.
Професорот од универзитетот "Deakin" и експерт за тероризам Грег Бартон, за "Fairfax" изјави дека e убиен Пракаш, познат по својата поврзаност со терористите на ДАЕШ на боиштата во Сирија и Ирак.