Murat Ünlü
05 Мај 2016•Ажурирај: 06 Мај 2016
ПАРИЗ (АА) - За прв пат во историјата на Франција, црномуреста политичарка стана кандидат за претседател на изборите кои треба да се одржат следната година, јавува Anadoly Agency (AA).
Рама Јада, која во времето на Саркози беше на трипати именувана за министерка за наворешни работи, човекови права и спорт, во разговор за радио-каналот РМЦ, изјави дека отпочнала со кампањата под наслов „Смела Франција”.
„Во избори не постои мал или голем кандидат“, рече Јаде, додавајќи дека веќе подолго време се подготвувала за изборната кампања при што ја потенцираше потребата од повторно реобединување на Франција во остварување на целта за „ Повторно изградување на француската нација”, која, според муслиманската политичарка од Сенегал, е радикализирана од расистички и дискриминаторски сили. „Француското општество е распарчено”, додаде Јаде.
Според нејзината изјава, членството на нејзиното движење досега се состои од 50.000 лица.
Првиот круг од претседателските избори во Франција ќе се одржи на 23-ти април, додека вториот е закажан за 7-ми мај следната година.
Според последните анкети во јавноста, мошне изгледна е можноста за водство во првиот круг од изборите на екстремно-десничарската лидерка на Народната Партија, Марин Ле Пен.
Забележан е пад од 13 отсто на рејтингот на сегашниот претседател на државата и лидер на Социјалистичката Партија, Франсоа Оланд. Рејтингот на Оланд забележа пораст до 35 отсто по терористичкиот напад во Париз, во ноември 2015 година.
Поранешниот претседател Никола Саркози и поранешниот премиер Ален Жупе, се наведуваат како можни кандидати на претстојните претседателски избори од редовите на центарско-десничарската Републиканска Партија на Франција.