Hakan Ceyhan Aydoğan
23 Септември 2016•Ажурирај: 24 Септември 2016
МОСКВА (АА) - Најмалку осуммина пожарникари загинаа во пожарот што избувна во еден магацин за пластика во руската престолнина Москва, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според руското Министерство за кризни состојби, пожарот избувнал во вечерните часови, во источниот дел на Москва. Со оглед на тоа што во магацинот се наоѓале предмети од пластика, огнот со голема брзина зафатил површина од 4.000 квадратни метри.
Загинале осуммина пожарникари кои работеле на гаснењето на пожарот. Пожарот е ставен под контрола во утринските часови. Јавното обвинителство започна истрага во врска со настанот.