Ahmet Sait Akçay
22 Септември 2016•Ажурирај: 24 Септември 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Повеќе од 20.000 Сиријци се вратија во Џарабулус во близина на турската граница, неколку недели откако Слободната сириска армија поддржана од Турција го ослободи северниот сириски град во покраината Алепо, велат официјални регионални претставници, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на едномесечната офанзива „Штитот на Еуфрат“, околу 1.200 километри од северна Сирија беа расчистени од терористичките елементи во регионот. По преземањето на Џарабулус, речиси 900 позиции на ДАЕШ беа погодени околу 4.000 пати, додаде изворот.
Како резултат на офанзивата, популацијата на Џарабулус сега се зголеми од 3.500 на 25.000 жители, вели локалниот градски советник. Стотици семејства се враќаат назад од Азаз во северната околина на Алепо и Мунбич, вели официјален претставник кој зборуваше под услов на анонимност.
Сириските опозициски сили неодамна презедоа контрола над подрачјето Тал-ар во Кобанбеј, во северозападната покраина Алепо, која беше окупирана од страна на милитантите на ДАЕШ.
Операцијата „Штитот на Еуфрат” започна минатиот месец. Во оваа операција, Слободната сириска армија, поддржана од страна на турските вооружени сили, го презеде градот Џарабулус од ДАЕШ.
Турција вели дека целта на офанзивата „Штитот на Еуфрат“ е зајакнување на граничната безбедност, поддршка на коалициските сили и елиминирање на заканата од терористичките организации, особено од ДАЕШ. Операцијата е спроведена во согласност со правото за самоодбрана на земјата, произлезено од меѓународните договори и мандадот даден на Турските вооружени сили од страна на Парламентот во 2014 година, кој беше продолжен за уште една година во септември 2015 година.