Halit Süleyman,Ayşe Aktaş
22 Септември 2016•Ажурирај: 23 Септември 2016
АЛЕПО (АА) - Во напад со барел-бомби на воените хеликоптери на сириските режимски сили врз населбите Сукери и Енсари во Алепо, кои се наоѓаат под опозициска контрола, загинаа 11, а ранети се 30 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од болницата, хеликоптерот на силите од режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад извршил напад на населбата Сукери, во кој загинале девет цивили, а повредени биле 15 лица.
Во напад на хеликоптерот со барел-бомба на населбата Енсари, биле умртени две, а ранети 15 лица.
Официјален претставник на цивилната заштита на Алепо, Наџиб Ансари, истакна дека режимските и руските воени авиони синоќа во Алепо извршиле 150 воздушни напади.
„Руските и режимските сили од синоќа интензивно го бомбардираат подрачјето на Алепо, каде што се наоѓа опозицијата. Во раните утрински часови, руските авиони фрлија 16 фосфорни бомби врз населбата Бустан ал-Каср. Предизвикан е голем пожар“, изјави Енсари.