Ekip
23 Септември 2016•Ажурирај: 24 Септември 2016
РОЗЕТА (АА) - Египетскиот официјален претставник изјави дека досега од водата во близина на брегот на Египет се извлечени вкупно 115 тела, два дена откако се преврте брод со стотици мигранти, главно од Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Мохамед Султан, гувернерот на провинцијата Бехеира додаде дека стравува дека има уште десетици мртви. Бродот со мигранти се преврте во средата, околу 12 километри од Розета.
УНХЦР проценува дека на бродот биле околу 450 лица, додека пак египетската новинска агенција Мена претходно објави дека бројот би можел да биде дури и 600. Околу 150 лица, главно Египќани, го преживееа бродоломот, додека многу од мртвите се жени и деца кои не знаеле да плива од местотото на несреќата до најблискиот брег.