Elena Teslova
07 Март 2019•Ажурирај: 09 Март 2019
МОСКВА (АА) - Американската Амбасада денес потврди дека во рускиот град Новоросијск се уапсени двајца американски државјани, пренесува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи за новинарите во Москва, портпаролката Андреа Кала изјави дека нема да даде повеќе детали во врска со приведените американски државјани.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, исто така ги потврди овие приведувања преку објава на Фејсбук.
Окружниот суд во градот на својата официјална веб-страница ги објави имињата на Кол Бродовски и Хаг Дејвид Удо во случаите поврзани со прекршувањето на пограничниот режим.
Познато е дека двете лица биле волонтери на „Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни“.