Erdoğan Çağatay Zontur
07 Март 2019•Ажурирај: 09 Март 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку 60 илегални мигранти се фатени во Турција, соопштија безбедносните извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Изворите, кои зборуваа под услов на анонимност, истакнаа дека во северозападната турска област Текирдаг од страна на безбедносните сили биле фатени 8 илегални мигранти.
Во егејската област Ајдин турската крајбрежна стража фати група од 11 мигранти во гумен чамец.
Во друг случај, безбедносните сили за време на регуларни патроли во северозападната област Едерне фатија 41 илегален мигрант.
Четири лица исто така се уапсени поради сомнение за шверц со луѓе.
Турција е главна рута за бегалците и мигрантите, кои преку нејзината територија се обидуваат да преминат во Европа.
Според турското Министерство за внатрешни работи, во 2018 година во Турција фатени се околу 265.000 илегални мигранти.