Kıvanç Uğur
14 Јануари 2017•Ажурирај: 15 Јануари 2017
АЈДИН (АА) - Ерол Атик, кој во турската област Ајдин е попознат како „доктор за џипови”, веќе половина век поправа и реставрира стари џипови и „ги враќа во живот”.
Мајстор Атик во својата работилница работи и до 4 месеци на поправка на едно возило, а во текот на својата кариера успеал „да врати во живот” неколку десетици џипови.
Занатот започнал да го учи во 1970 година, а по седум години ја отвора својата сопствена работилница.
Од тој дена досега, се занмава со поправка и реставрација на дотраени возила кои се наменети за отпад.
Тој истакна дека моментално работи на џип од 1946 година.
„Добивам и стари џипови кои се во лоша состојба. Ги поправам во потполност, вклучувајќи мотор, цела лимарија и останати делови на возилото”, рече мајстор Атик во разговор со дописникот на Anadolu Agency (AA).
Кога станува збор за поправка на џипови, најголем труд е потребен околу моторот.
„Оние кои се заљубеници во старите џипови или оние кои сакаат да ги користат за туристичка цел, ми ги мосат во работилницата. Почнувам да работам околу џипот. Макотрпна е поправката на шасијата на џипот. Поправката на скелетот на џипот потсеќа на поставување на темели на зграда. Санација на штетата предизвикана од корозијата, е како да оживувате еден болен”, рече мајстор Атик и додаде дека сите поправки ги изработува рачно.
Мајстор Атик истакна дека основна цел при поправка на моторот, шасијата и останатите делови е тоа да се направи во согласност со оригиналниот облик.
„Сите димензии ми се во глава. Тие станаа дел од мене. Заљубен сум во мојата работа”, нагласи мајстор Атик на кој му е потребно големо трпение и работа во текот на една година да подготви неколку возила.
Мајстор Атик одаде дека поради се поголемото користење на џиповите и во областа на туризмот има голем број на клиенти.
Еден од коминтентите на мајстор Атик, Ѓувен Илбеј рече дека пропатувал 200 километри за да го остави своето возило на поправка кај мајстор Атик, кое го подигнал по три месеци.