Hasan Hüseyin Kulaoğlu,Adem Koç
23 Јуни 2021•Ажурирај: 24 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 32 осомничени припадници на ДЕАШ се приведени во антитерористички операции низ Турција, соопштија безбедносни извори рано утрово, јавува Агенција Анадолија (АА).
Истовремени операции се спроведени од тимовите на Одделот за борба против тероризмот при Полицијата во Истанбул на 39 адреси во турските области Ајдин и Сивас.
Изворите, кои сакаа да останат анонимни, изјавија дека во операциите учество зела и полицијата за специјални операции.
Во 2013 година Турција беше една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш земјата повеќепати беше цел на напади на терористичката организација, во кои животот го изгубија над 300 лица, а стотици беа повредени и тоа во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, седум бомбашки напади и четири вооружени напади.
Потоа, Турција започна антитерористички операции во земјата и во странство за да спречи нови напади.