Deniz Çiçek Palabıyık
23 Јуни 2021•Ажурирај: 24 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Турските царински власти запленија 463 килограми кокаин од пристаниште во Мерсин, во јужниот дел на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот министер за трговија, Мехмет Муш, синоќа на Твитер им честиташе на екипите на Царината за заплената на дрогата, наведувајќи: „Никогаш нема да им дадеме шанса на дилерите на отрови.“
Според податоците собрани од Агенција Анадолија, безбедносните сили во текот на минатата година спровеле вкупно 159.259 операции за заплена на наркотици низ целата земја.
За време на овие рации запленети се 4.168 килограми метамфетамин, 1.954 кг кокаин, 1.484 кг синтетички канабиноиди, над 11 милиони таблети екстази и над 4 милиони други наркотични таблети.
Од 231.578 осомничени лица што се приведени во операциите, на 24.781 им е одреден притвор.