Zuhal Kocalar
14 Јануари 2017•Ажурирај: 15 Јануари 2017
ГАЗИАНТЕП (АА) - Во 26. годишниот живот исполнет со воздигнувања и падови, рак, срцев удар и сообраќајна несреќа, Зубејде Ниса Карабаџак која надмина четири големи трауми, со поголем морал и радост го продолжува животот со вградена бионичка рака, која ја загуби во сообраќајна несреќа.
Карабаџак е родена како прво од четирите деца на едно семејство во градот Низип. Како дете Зубејде Карабаџак паднала од втори кат на железни шипки на приземјето.
Малото девојче без да добие поголеми повреди, ја надминала големо несреќата. На своја 17-годишна возраст, само што се запишала на универзитет, Карабаџак дознава дека е болна од рак и има развиен паратироид кој се наоѓа во последна фаза.
Поради болеста и терапијата која ја зема, Карабаџак е приморена повремено да прави пауза во школувањето. Три години подоцна, поради проблеми со срцевите капаци оваа млада девојка доживува срцев удар и на Карабаџак и е извршена операција на срце.
Пет години по операцијата, на 21 март 2016 година, Карабаџак со минибус патувала од нејзиниот роден град кон Газиантеп. На патот се случува сообраќајќа во која таа ја губи својата десна рака. По толку многу искушенија и потешкотии, Карабаџак не ја губи волјата за живот и на местото на изгубената рака, лекарите од една болница во Измир пред два месеци и вградија бионичка рака.
Најголем дел од денот Карабаџак го извојува за да истражи што се може да направи со својата биничка рака која ја нарече „Рево”. Во разговор за Аnadolu Аgency (AA), Карабаџак изјави дека на сите настани во нејзиниот живот гледала низ филозофијата дека „само за мртвите нема решение".
- „Најдобрата од возможните”
Карабаџак потсети дека протезата и е вградена на 24 ноември и го раскажа својот живот и предизвиците со кои се соочува во него.
„Не помина многу време. Вообичаено, луѓето не можат да ја користат протезата подолг период. Јас во моментов со „Рево” можам да сецкам нешто, да пеглам, можам да ги диплам своите алишта. Во можност сум да ја одржувам чиста сопствената куќа. Кога би смеела, би перела и садови, но потребно е „Рево” да не биде во допир со вода. Можам да работам голем број нешта. Живеам сама. Всушност јас чувствувам дека ја користам сопствената рака, бидејќи на „Рево” јас и издавам наредби. Тоа во голема мерка ме мотивира. Вградувањето на раката за мене беше најубавиот момент во мојот живот. Воодушевена сум. Не можам да објаснам што чувствувам. Постои една рака и вие сте во можност да ја придвижувате. Во моментов продолжувам со своите вежби. Пред се сакам да кажам дека во моментов поседувам голема самодоверба. Се разбира дека не е како реална анатомска рака, но таа е најдобрата која постои во моментов. Таа ми овозможи еден животен стандард кој е на многу повисоко ниво од она кое го очекував. Верувам дека со текот на времето, се ќе биде подобро”, раскажа Карабаџак за АА.