Момче со аутизам со своите уметнички успеси пример за лицата со посебни потреби
- Споделувајќи ги своите дела на социјалните мрежи, тој успева да допре до широка публика, а дел од приходите што ги добива од продажбата на своите слики со задоволство ги донира во хуманитарни проекти за општествена одговорност
Halis Akyıldız
04 Јуни 2026•Ажурирано: 04 Јуни 2026
photo: Halis Akyıldız / AA
ИСТАНБУЛ
Младиот сликар, кој создава прекрасни уметнички дела и цртежи со јаглен, со својата упорност и раскошен талент им дава надеж и инспирација како на своите врсници, така и на сите лица што чекорат низ животот со специфични потреби, пишува Анадолу.
Дваесетгодишниот Али Докуџу, роден и израснат во Истанбул, по завршувањето на основното училиште дипломира на Одделот за сликарство во анадолското средно училиште за ликовни уметности „Мимар Синан“ во Ускудар.
Докуџу, кој вложува огромни напори за да се усоврши, ги придоби симпатиите и почитта на својата околина со успесите во уметничките и спортските активности.
Споделувајќи ги своите дела на социјалните мрежи, тој успева да допре до широка публика, а дел од приходите што ги добива од продажбата на своите слики со задоволство ги донира во хуманитарни проекти за општествена одговорност.
Во разговорот со Анадолу, Докуџу раскажа дека може да нацрта сè што ќе замисли, но дека во неговото срце посебно место зазема сликањето животни.
Додека црта, тој слуша класична музика што во душата му носи бескраен мир и среќа. Младиот уметник вели дека секое ново дело во него поттикнува прекрасна возбуда.
Фотографија : Halis Akyıldız/AA
Докуџу спомена дека од сите спортови најмногу сака тенис, а едно време бил и натпреварувач во пинг-понг. Тој додаде дека уште од најмали нозе има огромна љубов кон редењето сложени сложувалки, па оние со големи димензии успева да ги заврши за само три дена.
Тој сподели интересен детаљ дека неговиот начин на говор луѓето го споредуваат со турската синхронизација во странските филмови, стил што со текот на времето сосема природно го прифатил.
Во наредниот период планира да ги изложи своите дела изработени од акрил, јаглен и сложувалки во соодветен простор. Тој вели дека сигурно ќе продолжи да слика во текот на целиот свој живот.
- „Живееме исти грижи, возбуди, надежи и стравови како и сите мајки“ -
Неговата мајка Аху Камаџи истакна дека е неизмерно горда на синот и на неговите успеси.
Објаснувајќи дека нејзиниот живот е исполнет со уметничкото творештво на синот, неговите спортски активности и разни други настани, Камаџи рече: „Живееме исти грижи, возбуди, надежи и стравови како и сите мајки.“
Камаџи нагласи дека најголема грижа на семејствата што имаат деца со посебни потреби е да најдат одговор на прашањето „што ќе биде по мене?“, посочувајќи дека прифаќањето на овие деца од страна на општеството и добивањето на вредноста што ја заслужуваат е еден од најтешките процеси за секое семејство.
Фотографија : Halis Akyıldız/AA
Тоа што нејзиниот син нема тешка форма на аутизам, како и правилното поддржување на неговите таленти одиграле клучна улога во неговиот развој, Камаџи додаде дека и другите деца со аутизам може да имаат сличен или уште поголем потенцијал.
Во овој поглед, на семејствата и на децата мора да им се даде шанса, додавајќи дека талентот на нејзиниот син бил забележан уште во рано детство.
Со цел да придонесат во неговиот напредок се труделе да му обезбедат соодветни материјали и пријатна работна средина, Камаџи рече дека со текот на времето сам прекрасно се развил.
Вештините за фокусирање кај лицата со аутизам може да бидат различни, вели Камаџи и додава: „Ние сме изложени на премногу надворешни дразби, но лицата со аутизам може да игнорираат дел од нив, па затоа може подлабоко да се концентрираат на одредена тема и појасно да ги видат деталите. Нивниот внатрешен свет функционира со поинаква магија и токму затоа тие можат да постигнат неверојатни успеси во одредени области“, вели таа.
– „Децата со аутизам ги чувствуваат емоциите со силен интензитет“ –
Раскажувајќи дека во оваа борба секогаш ја имале поддршката од семејството и од околината, Камаџи вели:
„Постојат голем број синдроми и дијагнози поврзани со аутизам. Не е можно секој да ги знае сите, но од витално значење е образовната заедница да ја подигне свеста кај општеството и кај семејствата. Колку посвесно пристапуваме кон една тема, толку може да бидеме почувствителни и поемпатични. Овој свет е на сите нас. Ги замолувам семејствата што имаат деца со аутизам да не си создаваат големи грижи. Со текот на времето овие стравови се пренесуваат и на членовите на семејството и на детето. Особено децата со аутизам ги чувствуваат емоциите многу поинтензивно. Тие ги набљудуваат и длабоко ги прифаќаат нашите мисли и ставови. Нашите емоции брзо преминуваат кај нив. Затоа, ве молам, одгледувајте ги своите деца во мир и подалеку од непотребни грижи.“
Момче со аутизам со своите уметнички успеси пример за лицата со посебни потреби