Gizem Nisa Çebi Demir
04 Јуни 2026•Ажурирано: 04 Јуни 2026
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Турција ќе продолжи да ги зајакнува своите односи со африканските земји врз основа на еднакви партнерства, меѓусебно почитување и вин-вин принципи, јавува Анадолу.
На заедничката прес-конференција со Абдурахамане Чиани, претседателот на Нигер, по разговорите во Претседателскиот комплекс во главниот град Анкара, Ердоган ја повтори посветеноста на Анкара на продлабочување на соработката низ целиот африкански континент.
„Продолжуваме да ги развиваме нашите односи со африканските земји врз основа на еднакви партнерства, меѓусебно почитување и вин-вин принципи“, рече Ердоган.
Турскиот претседател, исто така, изрази поддршка за африканските земји кои се соочуваат со безбедносни предизвици, особено во регионот Сахел, кој се граничи со пустината Сахара.
„Ние стоиме зад нашите пријателски и братски земји во борбата против терористичките организации кои сеат нестабилност, особено во регионот Сахел на континентот“, рече тој.
Чијани престојуваше во посета на турскиот главен град на разговори со Ердоган за билатералните односи и регионалните прашања.