Ferdi Uzun
09 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
АЈДИН
- Ферди УЗУН
Турскиот микро скупторот Неџати Коркмаз по речиси 6 месечна работа, користејќи керамика, изработи шах со должина од 9 милиметри, пишува Агенција Анадолија (АА).
Во екот на пандемијата на Ковид-19, Коркмаз изработи скулптура на лекар од само 2 милиметри, оддавајќи им почит на медицинарите кои беа најистакнати во борбата против коронавирусот.
Коркмаз по речиси 6 месеци успеа да изработи и шаховска табла со фигури. По 6 часа дневно тој работеше со микроскопските игли за да ја изработи шаховската табла и фигурите од ќерамика, кои се со димензии од 1,5 до 3 милиметри.
Во разговорот со новинарот на АА, Коркмаз рече дека шах може да се игра на таа минијатурна плоча, но само со помош на лупа и тенки пинцети.
„За оваа работа потребно е големо трпение. Вложен е голем труд, бев упорен, но вредеше, бидејќи финалниот производ е тука“, рече Коркмаз.
Истакнувајќи дека минијатурната шаховска табла ќе ја пријави за влегување во Гинисовата книга на рекорди, Коркмаз рече веќе започнал да ја подготвува пријавата.
„Изработив минијатурна табла од околу 9 милиметри. Досега најмалата изработена шаховска табла есо димензии од 15,5 милиметри и изработена е од еден уметник од САД. Таа е речиси двојно поголема од мојата табла. Сакам да го урнам рекордот и да го донесам признанието во Турција“, рече Коркмаз.
- Неговите дела се изложени во Центарот за уметности во Кушадаси
Името на Коркмаз го носи и Центарот за уметности во Кушадаси во кој се изложени повеќе од 40 негови минијатурни дела.
Меѓу позанимливите дела на Коркмаз е напишаниот збор „бисмиллах“ на влакно од коса и семки од смоква на кои се напишани 99 имиња на Алах.