Mehmet Çalık
27 Август 2019•Ажурирај: 28 Август 2019
АЈДИН (АА) - Во подрачјето на Кушадаси и Дидим, во турската западна област Ајдин, фатени се 127 нерегуларни мигранти кои биле во подготовка на илегален начин да преминат во Грција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полициските службеници во Кушадаси фатија 47 нерегуларни мигранти, од кои 35 со потекло од Сирија и 12 со потекло од Палестина.
Исто така, кај Кушадаси бил пронајден и запленет гумен чамец и мотор за чамецот.
Од друга страна, во операцијата извршена во различни локации во Дидим, фатени се 80 нерегуларни мигранти.
Фатените мигранти биле пренесени во градската Дирекција за миграција.