Турција

Турција: Назначени 13 нови заменици-министри

Изборите кои се одржаа минатиот месец, го назначија преминувањето на Турција во претседателски систем на владеење, со што се укина функцијата премиер

Fatih Hafız Mehmet  | 21.07.2018 - Обновена : 22.07.2018
Турција: Назначени 13 нови заменици-министри

Ankara

АНКАРА (АА) - Во Турција се назначени вкупно 13 нови заменици-министри, објавено е денес во Службениот весник на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).

За заменици-министри во Министерството за правда се назначени Џенгиз Онер, Хилми Билгин, Селахадин Ментеш и Јилдиз Сефериноглу.

За заменици-министри во Министерството за култура и туризам се назначени професорот Ахмет Халук Дурсун, Надир Алпаслан и Омер Арисој, а додека д-р Омер Фатих Сајан и Селим Дурсун се назначени за заменици-министри во Министерството за транспорт и инфраструктура.

Покрај тоа, поранешните борaчи Хамза Јерликаја и Синан Аксу станаа заменици-министри за спорт, а професорот Мухамед Ѓувен беше назначен за заменик-министер за здравство.

Покрај другите промени, изборите кои се одржаа минатиот месец, го назначија преминувањето на Турција во претседателски систем на владеење, со што се укина функцијата премиер.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.