Турција

Турција: Бесплатна распределба на имотот за богослужби на верските малцинства

Изразувајќи ја долгата историја на мултикултуралната толеранција во Турција, турските власти го отвораат патот за бесплатна распределба на верските објекти, како синагогите, црквите и манастирите...

Sena Güler  | 21.07.2018 - Обновена : 22.07.2018
Турција: Бесплатна распределба на имотот за богослужби на верските малцинства

Ankara

АНКАРА (АА) - Изразувајќи ја долгата историја на мултикултуралната толеранција во Турција, турските власти го отвораат патот за бесплатна распределба на верските објекти, како што се синагогите, црквите и манастирите за малцинските верски заедници, јавува Anadolu Agency (AA).

Советот на вакуфи, врховно тело за носење одлуки на Генералната дирекција на вакуфи на Турција, кое врши ревизија и управува со вакуфите, неодамна потпиша одлука со која се олеснува процесот.

Со одлуката е предвидено да не се наплаќааат надоместоците за користењето на недвижен имот и имотот за богослужба, доделени на јавните институции и организации, кои можат да се користат во согласност со целите наведени на сертифицираната листа на верски заедници.

Тоа овозможува недвижниот имот, како што се синагогите, црквите и манастирите, од Директоратот на вакуфи да се доделат бесплатно, на користење на одредено верско малцинство.

До неодамна, таквата можност постоеше само за џамиите.

Во рамките на оваа одлука, Црквата „Свето срце“ во истанбулската населба Таксим е доделена на Асирската католичка црква на користење 49 години. Слично на тоа, Црквата „Мар Јухана“ во областа Хатај е доделена на Грчката православна црква.

- Одлуката го решава судскиот случај -

Директорот на Дирекцијата на вакуфи, Аднан Ертем, за АА изјави дека оваа одлука е важна за перцепциите во врска со Турција во Европа.

Наведувајќи дека Заедницата на Асирската католичка црква во Истанбул поднела случај во Европскиот суд за човекови права (ECHR), во врска со Црквата „Свето срце“, Ертем изјави дека Судот донел привремена одлука, со која се бара да се постигне договор меѓу двете страни.

Тој нагласи дека новата одлука на Дирекцијата го решава споменатиот случај.

„Се надеваме дека одлуката ќе има позитивни ефекти на перцепциите од странство. Сите мерки кои се направени афирмативно за малцинствата, даваат позитивни резултати во насока на гледиштето на Европа кон Турција“, додаде тој.

Зеки Басатемир, челникот на Заедницата на Асирската католичка црква, изјави дека со доделувањето на Црквата „Свето срце“ е завршен 20-годишниот спор.

Нагласувајќи дека односите со Дирекцијата на вакуфи биле секогаш пријателски и во текот на тој период, Басатемир истакна дека одлуката ја направила заедницата многу среќна.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.