Турција

Турција и Холандија ќе ги нормализираат билатералните односи

„Мојот холандски колега ми испрати писмо и изрази волја за нормализирање на односите. По неговото писмо, разговаравме и телефонски и се согласивме да го трасираме патот на нашите односи“, истакна Чавушоглу

Merve Aydoğan  | 20.07.2018 - Обновена : 21.07.2018
Турција и Холандија ќе ги нормализираат билатералните односи

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес изјави дека Турција и Холандија донеле одлука да ги нормализираат билатералните односи, јавува Anadolu Agency (AA).

Зборувајќи за АА, Чавушоглу изјави дека во рамките на Самитот на НАТО во Брисел, се состанал со неговиот холандски колега Стеф Блок и дискутирале за немилите настани кои се случија во март 2017 година.

Нагласувајќи ја потребата да ги остават зад себе проблемите кои ја блокираат стратешката соработка на двете земји за голем број прашања, Чавушоглу изјави:

„Мојот холандски колега ми испрати писмо и изрази волја за нормализирање на односите. По неговото писмо, разговаравме и телефонски и се согласивме да го трасираме патот на нашите односи.“

„Во овој контекст, се согласивме да направиме заедничка објава како прв чекор. Исто така се согласивме наскоро да ги вратиме нашите амбасадори на билателарно ниво“, додаде тој.

Чавушоглу понатаму нагласи: „Го повикав мојот холандски колега да ја посети Турција во насока на одредување на Мапата на патот, која ќе ги врати нашите односи во нивната почетна состојба, и повторно ќе ги воспостави дијалогот и довербата меѓу двете земји.“

Потсетувајќи дека во Холандија живее голема турска заедница која се состои од околу 450.000 лица, Чавушоглу нагласи дека Турција ќе дејствува во согласност со националните интереси на земјата во својата надворешна политика.

Според заедничкото соопштение, двајцата министри потврдија дека Турција и Холандија имале добри односи повеќе од четири века, дека се сојузници на НАТО повеќе од шест децении и дека имаат остварено значителна трговија и инвестициски врски.

„Двајцата министри ја нагласија важноста на стратешката соработка меѓу двете земји за голем број прашања, како миграцијата, борбата против тероризмот и поттикнување на економската соработка. По позитивниот состанок на Самитот на НАТО, двајцата министри ја презедоа иницијативата за да стапат повторно во контакт“, се додава во соопштението.

Односите меѓу двете земји се нарушија пред претседателскиот референдум кој беше одржан на 16 април во Турција, кога холандските власти на 11 март ја откажаа дозволата за летање на авионот во кој се наоѓаше турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

Холандската Влада потоа ја протера од Ротердам министерката за семејни и социјални работи, Фатма Бетул Сајан Каја, спречувајќи ја да се обрати на турската заедница во Холандија во пресрет на референдумот.

Покрај тоа, Турците, поради митинзите што ги организираа во корист на уставните измени во Турција за промена на претседателскиот систем, се соочија со огромни ограничувања од централната и од локалната власт.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.