Турција

Потпретседателот на Турција ја одбележа годишнината од воената операција на Кипар

„Ова е најчесниот ден во борбата за право на слобода на кипарските Турци и продолжение на нивното постоење како еднакви луѓе на островот“, изјави турскиот потпретседател Октај во Лефкозија

Sena Güler  | 20.07.2018 - Обновена : 20.07.2018
Потпретседателот на Турција ја одбележа годишнината од воената операција на Кипар Arda Küçükkaya/AA

Lefkosa

ЛЕФКОЗИЈА (АА) - Потпретседателот на Република Турција, Фуат Октај, денес ја одбележа 44. годишнина од воената операција која е покрената заради заштита на турското население на Кипар, пренесува Anadolu Agency (AA).

Позната како „Кипарска мировна операција“, големата воена операција е покрената со цел заштита на кипарските Турци од насилството кое изби на островот.

„Ова е најчесниот ден во борбата за право на слобода на кипарските Турци и продолжение на нивнотото постоење како еднакви луѓе на островот“, изјави Октај во Лефкозија, на настанот на одбележување на 44. годишнина од операцијата.

Тој додаде дека Турција ги искористила своите права кон меѓународните договори да ги заштити Турците на Кипар.

„Го оневозможивме обидот за искоренување на кипарските Турци и нивното отстранување од историската сцена. Тој ден, Турција, како земја гарант, му покажа на целиот свет дека и понатаму ќе стои покрај кипарските Турци без оглед на сè“, нагласи Октај.

Тој истакна дека Турската Република Северен Кипар, како модерна држава, сега е во позиција да придонесува на мирот и стабилноста во регионот. Октај изјави и дека кипарските Грци и понатаму себеси се гледаат како единствени сопственици на островот, и дека не сакаат да ја поделат политичката сила со кипарските Турци.

„Таквиот однос, и покрај сите наши напори, доведе до неуспех на процесот насочен кон воспоставување ново федерално партнерство на островот“, изјави Октај, и додаде: 

„На кипарските Грци нема да им биде дозволено кипарските Турци да станат малцинска заедница.“

Секој 20 јули во Турската Република Северен Кипар се одбележува како Ден на мир и слобода во знак на сеќавање на турската „Кипарска мировна операција“.

Кипар е поделен од 1974 година, кога кипарските Грци, кои извршија државен удар, покренаа бран на насилство против кипарските Турци, што предизвика реакција од Анкара, која оттогаш е гарант на мирот.

Најновиот обид да се обедини островот во Средоземното Море, кој со години е поделен, заврши неуспешно во 2017 година, по две години преговори.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.