Enes Kaplan
20 Јули 2018•Ажурирај: 20 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Заменик претседателот на Република Турција, Фуат Октај, во врска со усвоениот Закон за „еврејска држава-нација“, истакна дека Турција не го прифаќа овој закон, и дека Ерусалим (Кудс) е главен град на Палестина, и ќе продолжи да биде така, пренесува Anadolu Agency (AA).
Октај во објава на својот Твитер профил го критикуваше овој закон којшто денес беше усвоен во израелскиот Парламент (Кнесет).
„Израелскиот Парламент, кој ги негира основните права и слободи, ги наруши принципите на глобалното право под името 'Закон за еврејска држава-нација'. Ваков закон не е прифатлив од страна на Република Турција. Кудс е главен град на Израел, и ќе продолжи да остане така“, напиша Октај, заменик претседателoт на Турција.