Турција

Турски авиони уништија позиции на терористичката ПКК во северен Ирак

Генералштабот на Турската армија соопшти дека се спроведени воздушни напади на Авашин-Басјан, Зап и Хакурк. Во текот на операцијата, уништени се утврдените вооружени позиции и складишта на терористичката организација.

Nilay Kar  | 20.07.2018 - Обновена : 21.07.2018
Турски авиони уништија позиции на терористичката ПКК во северен Ирак

Ankara

АНКАРА (АА) - Турските воени авиони уништија терористички цели на ПКК во северен Ирак, во рамките на антитерористичка операција, соопшти денес Турската армија, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението, Генералштабот на Турската армија наведува дека во текот на вчерашниот ден се спроведени воздушни напади на Авашин-Басјан, Зап и Хакурк. Во текот на операцијата, уништени се утврдените вооружени позиции и складишта на терористичката организација.

ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ).


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın