Etem Geylan
01 Ноември 2020•Ажурирај: 01 Ноември 2020
АНКАРА
Потпретседателот на Република Турција Фуат Октај соопшти дека бројот на загинатите лица во земјотресот во Измир се зголеми на 51, јавува Агенција Анадолија (АА).
Октај наведе и дека е планирано во дистриктите Борнова, Бајракли, Буџа и Конак да бидат поставени 3.880 шатори.
„Претходно Управата за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи на Турција (АФАД) соопшти дека во земјотресот во Измир загинале 49 лица.
Покрај тоа, соопштија дека до утринските часови се забележани 850 потресувања на тлото посилни од четири степени.
Спасувачките тимови продолжуваат со акцииите на пребарување и спасување во Измир.
Најмалку 896 лица се повредени во петокот кога земјотрес со јачина од 6,6 степени го погоди Измир.
Од болниците се отпуштени 682 пацинети, додека 214 и понатаму се на лекување.