Barış Kılıç
31 Октомври 2020•Ажурирај: 01 Ноември 2020
АНКАРА
Управата за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи на Турција (АФАД) соопшти дека во земјотресот кој го погоди Измир, загинаа најмалку 39 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
АФАД соопшти дека по разорниот земјотрес се регистрирани уште 658 потресувања на тлото, од кои 40 биле со јачина од околу четири степени.
Од оваа Управа потврдија дека загинаа најмалку 39 лица, а повредени се 885. Пребарувањето и спасувањето и понатаму продолжува во девет згради во Измир.