Hamdi Çelikbaş
15 Август 2018•Ажурирај: 16 Август 2018
АНКАРА (AA) – Заменикот на претседателот на Република Турција, Фуат Октај, изјави дека Турција, наспроти неправдата, обединета со меѓународната јавност го охрабри целиот свет, јавува Anadolu Agency (AA).
Октај преку профилот на Твитер се осврна на одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за зголемување на данокот на одредени увозни американски производи, меѓу кои за некои дополнителната обврска е зголемена дури и за 100 отсто.
„Наспроти свесните напади на американската администрација врз нашата економија, според принципот на реципроцитет, ги зголемивме даночните стапки на одредени увозни производи“, рече Октај и додаде:
„Нашиот народ, кој во тешките денови цврсто стои до претседателот, се обедини со меѓународната јавност против ставовите кои не ги почитуваат правилата, и го охрабри целиот свет. Нема застанување, одиме понатаму“, порача Октај.