Şenhan Bolelli
20 Јуни 2017•Ажурирај: 21 Јуни 2017
МАДРИД (АА) - Канцеларијата за финансиски криминал при обвинителството во Мадрид го обвини португалскиот фудбалски експерт и тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, за затајување на данок, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителството во Мадрид против Мурињо поднесе кривична пријава дека во периодот помеѓу 2011 и 2012 година, додека го водел шпанскиот Реал Мадрид, затаил данок во вредност од 3,3 милиони евра.
Истото обвинителство претходно го обвини сонародникот на Мурињо, Кристијано Роналдо, дека затаил данок на средства од спонзор.