Bakir Tiro
26 Октомври 2016•Ажурирај: 27 Октомври 2016
ЛОНДОН (АА) - Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер Јунајтед, поради лошите резултати е многу критикуван во последно време, тотално е нездоволен со животот во последните месеци во Англија, јавува Anadolu Agency (AA).
Освен што со фудбалерите популарно наречени „црвени ѓаволи” не му oди се по планот, има проблеми и со приватниот живот во Манчестер. Од доаѓањето минатото лето во овој град се уште не пронашол резиденција во која би живеел, поради што деновите и понатаму ги поминува во еден од хотелите.
„Мојот живот во Манчестер е катастрофа. Сакам да прошетам. Меѓутоа, тоа не е можно. Дури не можам ни да одам на ручек во некој ресторан” , изјави Мурињо.
После девет одиграни кола во Премиер лигата на Англија, Манчестер Јунајтед е на седма позиција на табелата со 14 поени, шест помалку од лидерите и градскиот ривал Манчестер Сити.
Јунајтед и Сити вечерва играат наптпревар од Лигата на купот.