Dejan Maksimoviç
14 Јануари 2017•Ажурирај: 15 Јануари 2017
ЛОНДОН (АА) - Отпуштањето на менаџерот Жозе Мурињо во 2015 година, го чинеше Челзи 8,3 милиони фунти (9,5 милиони евра) отштета, откри финансискиот извештај на лондонскиот клуб за сезоната 2015/16, јавува Anadolu Agency (AA).
Мурињо, кој сега е менаџер на Манчестер Јунајтед, беше отпуштен во декември 2015 поради поради лошите резултати во сезоната во која Челзи ја бранеше титулата шампион на Англија.
„Сините" на крајот од натпреварувањето во Премиер лигата го освоија десеттото место, а финансискиот извештај за сезоната 2015/16 покажува финансиска загуба од 70,6 милиони фунти (80,8 милиони евра).
Загубата вклучува и предвремено раскинување на спонзорскиот договор со Адидас, кој го чинеше Челзи 67 милиони фунти (76.7 милиони евра).
Десетгодишен договор со Адидас, кој Челзи го раскина по шест години, беше вреден 30 милиони фунти годишно.