Zülfiya Yakup
16 Мај 2016•Ажурирај: 16 Мај 2016
ПРИШТИНА (АА) - Премиерот на Косово, Иса Мустафа, ја прими денес делегацијата на Европскиот парламент која ќе учествува на првата седница на Парламентарната комисија за стабилизација и асоцијација ЕУ-Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Во делегацијата предводена од страна на Тонино Пикула се наоѓаат и потпретседателката на ЕП Улрике Луначек и европратениците Дубравка Шуица, Тања Фајон, Јозо Радош, Ѓоргос Киртсос и Џули Вард.
Премиерот Мустафа делегацијата на ЕП ја информираше за напредокот на Косово, со акцент на економскиот развој, процесот на европските интеграции и зачленувањето на земјата во европските и меѓународни организации, се соопштува од Владата на Косово.
Нагласувајќи ја важноста за Косово од стапувањето на сила на Договорот за стабилизација и асоцијација, Мустафа рече дека тој договор ја отвора вратата за Косово кон голема политичка перспектива, земајќи ги в предвид препораките за либерализација на визниот режим.
Мустафа говореше и за конкретните чекори кои Владата на Косово ги има преземено за примена на Договорот за стабилизација и асоцијација.
„Владата и народот на оваа земја се посветени на имплементација на реформите врзани за интеграција во ЕУ и сеопшто зајакнување на државата и напредокот на Косово”, истакна премиерот. Тој изрази благодарност на Европскиот парламент, европратениците Улрике Луначек и сите останати претставници за нивната исклучителна поддршка во процесите во Косово.
Членовите на делегацијата на Европскиот парламент дадоа своја оцена и предлози во врска со процесите кои се однесуваат на имплементациија на Договорот за стабилизација и асоцијација и другите случувања, изразувајќи му поддршка на Косово на патот кон Европа.
Делегацијата на ЕП денес ја прими и претседателот на Косово, Хашим Тачи. Првата седница на Парламентарната комисија за стабилизација и асоцијација, ЕУ-Косово, закажана е за денес во 16 часот, а ќе продолжи утре претпладне.
По повод седницата најавено е и доаѓањето на комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан.