Agon Fehmiu
23 Декември 2015•Ажурирај: 23 Декември 2015
ПРИШТИНА (АА) - Премиерот на Косово, Иса Мустафа, ја цени работата на Министерството за локална самоуправа во 2015 година, за време на заедничката средба со градоначалниците, дипломатските претставници на донаторската заедница, граѓанското општество и медиумите, јавува raporton Anadolu Agency (AA).
"Ова е прв пат да ги имаме сите нашите општини и градоначалници заедно со нас во целата територија на Република Косово, за заедно да работиме во служба на нашите граѓани, во функција на локалниот развој, во служба на економскиот развој, со главна цел да се подобри животот на граѓаните", рече премиерот Мустафа, се вели во соопштението.
Тој додаде дека Mинистерството има направено многу добра работа поставувајќи добра основа за изградба на локалната власт и функцијата на власта во целата земја.
Сеќавајќи се на неговата претходна работа, како градоначалник на Приштина, премиерот Мустафа рече дека да се биде прв човек на општина е едно од најтешките работи и голема одговорност, што е тесно и директно поврзано со граѓаните и реализирање на нивните барања.
"Ве уверувам дека како влада и како премиер ќе направам максимални напори за да бидат поддржани, со цел општините да ја завршат својата работа на најдобар можен начин, во однос на буџетот, во однос на законските измени или законската регулатива, кои сметате дека се потребни да се направат со цел да имаат полесно функционирање ", рече Мустафа честитајќи им на градоначалниците и раководителите на работата и успесите на Министерството постигнати за време на 2015 година.
На крај, тој апелираше за единство во целата земја како и на тоа сите да ги постават своите цели за градењето на државата Косово, економскиот развој и создавањето на благосостојбата на граѓаните.